Пост од шанк….
Пригушено светло во прилично комотна дневна за студент…. Smooth Jazz одекнува од стар звучник кој се наоѓа под аквариумот кој некогаш добро населен а сега само најсилните две јапонки се преживеани…. Минијатурен мачор кој после 55 минути обидување се откажа од отстранување на штипката од својот опаш леже испружен на каучот и ужива во нежната музика…. на другиот крај од собата постои шанк кој некогаш полн со пијалоци за тешење сега го придржува мојот лакт додека го пишам овој пост и чекам да се излади доволно румот за да може да се сложи со мене….
А за неполни 8 часа полагам….
Проклета нека е оваа човештина, да не речам студентштина….. А и нека не е …. Да не беше мрзата за учење немаше да ми текне дека фале некој по нов пост да напишам на овој по стар блог…. Еден совет успат за сите поети, писатели и луѓе кои тешко добиваат инспирација за пишење:
Запишете се на факултет, не фаќајте книга додека не дојде последната вечер пред првиот испит….. Пробајте да учите….
Ми падна сега на ум што ако би пробал да станам некојси писател, дали за да бидам успешен треба да останам вечен студент?
Пепеларата се претвори во водопад од кој паѓаат пикавци, мислам дека е тоа алармот дека румот е доволно изладен…. Таман успат ќе ја истресам, или да не а тресам…. по филмски е кога е полна, со самиот поглед што ќе и го упатам добивам инспирација…. Штета што кога ќе а погледнам ми заличува на р’ѓосани дробови…. Инспирацијата станува депресивна….
0.02 литра ладен рум низ грлото, празна пепелара отворен ворд и господинот Синатра почна да пее…. Па да, ноќта е млада, може кога ќе остаре и ќе фатам книга…. и онака секогаш ме активирале( да не речам привлекувале) постари, ноќи секако….
А кога е веќе млада, зошто и да не а искористам, и онака ме бива во искористување, барем така ми рече бившата, кој беше млада….

